sl7

Куглана

Кугланата е лоцирана во западниот дел од спортскиот центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ со сопствен влез,паркинг  и тераса опремена со урбана опрема.

Покрај добрата забава на осумте патеки за куглање, можете да се опуштите и освежите во кафе барот  и кафетерија која што е со капацитет до 65 гости. Кугланата нуди и изнајмување на патики за куглање.

Нашиот тим ви нуди организирање на натпревари по куглање, родендени, прослави,забави или тим билдинг за Вашата фирма.

Кугланата располага со осум патеки за куглање, две трибини со капацитет од 120 седишта, соблекувални со соодветна опрема и истата е со сертификат од WNBA (светска кугларска асоцијација) за одржување на натпревари.