sl7

Арена

Носечки објект на Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ претставува големата спортска арена. Нејзината мултифунционалност ја прави да биде репрезентативна арена на Република Македонија за натпревари од сите спортови као и идеално место за одржување на медиумски промоции, саемски манифестации и организирање на настани од културно забавен карактер.
Арената е исто така достапна за рекреативно спортување на поединци и на ученици /студенти на средни училишта, факултети и универзитети.
Арената има 15 фиксни блокови, од кои што еден е ВИП со сопствен влез и подтрибински вип салон, 12 мобилни трибини со кои има капацитет од вкупно 6.171 седиште.
Мобилните трибини овозможуваат капацитет (во зависност од настанот) до 10 000 посетители.

Менаџментот на арената Ви стои на располагање за секаков вид на информации околу арената и организирање на настани.