Соопштенија

В недела во СЦ "Борис Трајковски" ќе се празнуваат спортот и семејните вредности

Проектот „Спортот и семејните вредности“ чија основната намена е да се промовира спортот преку семејните вредности и да се стимулираат граѓаните преку спортот и спортските активности да се дружат повеќе меѓусебно, ќе се одржи в недела во СЦ „Борис Трајковски“.

Кошарка, ракомет и тенис во исто време во СЦ "Борис Трајковски"

Најчесто во светските спортски центри кои што се наменети за врвни спортски натпревари, ретко кој од обичните луѓе може да си дозволи и воопшто да спортува на истиот терен и во истата сала каде што играат неговите омилени играчи и идоли.

4-ри години "Слобода во вода" во СЦ Борис Трајковски

Скопје (30.09.2015) Нема подобар спорт за одржување на кондиција,психофизички развој  и водење на здрав животод пливање, а многумина експерти имаат потврдено дека токму овој начин на вежбање е најкорисен за здравјето.

СЦ "Борис Трајковски" не застанува со новитети: Од понеделник зумба часови

После одличната летна сезона на Аква-паркот, СЦ „Борис Трајковски“ за есенва планира многу новитети со цел да се задоволат вкусовите на граѓаните.

Одличен пречек за Андреј Стојановски – донесе сребро на Светското првенство за глуви

Во чест на успехот кој го постигна на Светското првенство за глуви односно сребрен медал во дисциплината 1500 метри слободно, беше организиран пречек за нашиот Андреј Стојановски.

Перински: Изминатата година беше иновативна и рекордна за СЦ „Борис Трајковски“

Досега се реализираа многу проекти, а постојано се прилагодува и понудата се со цел да биде подостапна за граѓаните. СЦ „Борис Трајковски“ со претставувањето на новиот менаџмент најави и новитети, кои се добредојдени за сите кои спортуваат и се рекреираат во најголемиот спортски центар во Македонија.