Успешно завршена трета сезона на лизгалиштето во СЦ Борис Трајковски

 Сезоната на ВИП Лизгалиштето за 2015-2016 година, во склоп на Спортскиот центар Борис Трајковски, официјално завршува во недела. Претставниците на центарот се задоволни со резултатите од изминатата сезона како и од зголемената заинтересираност на граѓаните да се вклучат во ваков вид на зимски спорт.

-Се збогуваме со уште една успешна сезона за ВИП лизгалиштето. Фактот што во периодот од 15.ноември 2015 година до денес, центарот бележи 8% зголемен приход од вкупно продадени билети за рекреативно лизгање, споредбено со минатата сезона, или 20% вкупен пораст на приходот од првата сезона, доволно говори за интересот на грѓаните, своето време за рекреација и забава да го поминат наВИПлизгалиштето во Спортскиот центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ. На 27. март, со почеток од 19 часот, ќе се одржи завршна претстава на Школата по уметничко лизгање, по кое и официјално ќе ја затвориме сезоната за лизгање. Со гордост би сакал да го искажам своето задоволство со фактот штоШколата за уметничко лизгање зазема учество на дури 5 меѓународни турнири, а за крајот на оваа сезона истата ќе настапи на Меѓунариодните турнири во Белград, Србија и Софија, Бугарија. Очекуваме добри резултати каде учесниците ќе ги дочекаме со многу освоени медали, изјави Златко Перински, директор на СЦ Борис Трајковски.

Директорот на Спортскиот центар Борис Трајковски, задоволен е и со резултатите на Школата за хокеј на Хокеј федерацијата на Македонија, која изминатата сезона има земено учество во голем број на настани и активности, вклучувајќи ги и познатите промотивни денови за запознавање со основите на хокејот.

lizgaliste-16-soopstenie

-Она кое што е вредно да го напоменам е дека во рамките на сезоната 2015 – 2016, Хокеј федерацијата на Македонија одржа голем број на активности. Во Рамките на проектот Ајде да играме хокеј, во кој Спортскиот центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ заедно со Школата за хокеј на Хокеј федерацијата на Македонијаорганизираше 3 промотивни денови во кој сите заинтересирани можеа да се запознаат со основите на хокејот, додаде Перински.

Спортскиот центар и во пролетните месеци се грижи да ја дополни и збогати својата програма со денешното отварање на тениските терени каде сите ентузијасти и љубители на тенисот ќе имаат можност да спортуваат на четирите отворени тениски терени без разлика дали станува збор за рекреативно вежбање или професионални тренинзи.

tenisko-16-soopstenie

-Како најава за летната сезона, Спортскиот Центар Борис Трајковски, денес од 25. март, ги отвара вратите на отворените тениски терени, во период од 10 до 18 часот. Очекуваме зголемен одзив од страна на граѓаните, најмногу од младите таленти. Сигурен сум дека со доволна упорност и желба, младите љубители на тенисот, можат да прераснат во професионални тенисери кои успешно ќе ја претставуваат Македонија на меѓународни натпревари во блиска иднина, рече директорот на СЦБТ.


Печати