Соопштенија

Успешно завршена трета сезона на лизгалиштето во СЦ Борис Трајковски

Сезоната на ВИП Лизгалиштето за 2015-2016 година, во склоп на Спортскиот центар Борис Трајковски, официјално завршува во недела. Претставниците на центарот се задоволни со резултатите од изминатата сезона како и од зголемената заинтересираност на граѓаните да се вклучат во ваков вид на зимски спорт.

Борис Трајковски е инспирација и гордост: Оддадена почит пред најголемиот спортски центар во Македонија кој го носи неговото име

Претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски, кој беше особена личност и народен човек кој го живееше својот живот посветен на својата земја и по 12 години од трагичната смрт претставува инспирација и гордост за сите граѓани.

Потпишан договор за деловна соработка помеѓу Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ и оне.Вип ДОО

Скопје, (15 февруари 2016г) Денес оне.Вип ДОО Скопје и Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ потпишаа договор за деловна соработка.

Во 2017 година Македонија ќе добие тениска арена, гимнастичарска сала, базен и многу поволности за младите

Кон крајот на 2017 година Македонија ќе добие затворена тениска арена и гимнастичарска сала по сите светски стандарди.

СЦ Борис Трајковски руши рекорди

Скопје (1.12.2015)Националната арена СЦ Борис Трајковски руши рекорди во организација на настани и полниот календар во овој период од годината. Освен со секојдневните професионални и рекреативни тренинзи во пливање, фудбал, кошарка, лизгање, фитнес и останатите спортови кои се застапени во нашата најголема арена, за истакнување се и музичките и спортските настани кои го полнат целиот капацитет на салата.

Зимска идила во СЦ Борис Трајковски: Лизгалките на нозе и подгответе се за уживање на мразот

Со доаѓањето на зимата сè попопуларни стануваат зимските спортови, особено рекреативното и уметничкото лизгање, кои покрај тоа што му даваат дополнителна енергија на нашето тело и грациозност, на најдобар можен начин совршено го дефинираат телото, ни ја даваат потребната свежина и го подобруваат нашето здравје.

Празнично викенд уживање "Skopje Ice Festival" во СЦ Борис Трајковски

Празнично викенд уживање: „Skopje Ice Festival“во СЦ Борис Трајковски

Ексклузивни тренинзи на атлетите од Специјалната Олимпијата во СЦ Борис Трајковски

Ексклузивни тренинзи во СЦ Борис Трајковски за нашите најуспешни Олимпијци, атлетите од Специјална Олимпијада на Македонија

Детски џагор и насмевки го разиграа СЦ Борис Трајковски

Поради брзиот начин на живот и постојаната трка со времето во нашето модерно секојдневие, родителите имаат се помалку слободно време да спортуваат заедно со своите деца и да ги научат на здрав живот уште од мали нозе.

Политика за колачиња

Локација

T Aрена | СЦ Борис Трајковски

Булевар 8ми Септември бр.13
1000 Скопје, Република Северна Македонија

тел: +389 076 361-185; 078/221-449
email: info@scboristrajkovski.gov.mk