Спортска Сала Борис Трајковски

Училиште за странски јазици Логос Центар

      Како дел од Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ се наоѓа и училиштето за странски јазици ЛОГОС ЦЕНТАР. Логос Центар е училиште со модерна визија и креативен пристап кон изучувањето на странските јазици.

      Курсевите се наменети за сите возрасти, почнувајќи од најмладите ( 4-6 години) , ученици (основци и средношколци) , студенти (подготовки за факултет) , возрасни (почетни и напредни степени) . Нудиме посветена настава во мали групи и пријатна атмосфера. Индивидуалните и специјализирани часови се исто така дел од нашата програма.

      Ви нудиме курсеви по англиски, германски, италијански, шпански, француски,  руски, чешки и македонски за странци. Сите јазици можете да ги изучувате како општ странски јазик, деловен странски јазик, интензивни курсеви и степени по комуникација.

      Креативноста во начинот на изведба на наставата е бр.1, особено кај курсевите наменети за најмладите, за кои нудиме интересни и продуктивни методи, сè со цел за успешно совладување на говорните вештини. Активна употреба на модерни надгледни сретства и користење на дополнителни материјали кои се соодветно подготвени за секој час, и допринесуваат за збогатување и разновидност во наставата, се наши примарни и приоритетни алатки.

      Професионално избраниот тим од наставници е обучен кадар да предава по најсовремените методи, а воедно и да внесува културолошки осврт на земјата од којашто потекнува јазикот кој се изучува.

      По успешно завршување на степенот, секој слушател се стекнува со Диплома за завршен степен, а исто така добива и детален извештај (Report Card) за постигнатите резултати: писмено и усно (граматика, вокабулар, изговор и флуетност). Дипломите се усогласени врз основа на Европската јазична рамка CEF.

 

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер