Vip Лизгалиште

Скопје 23.11.2016

Почитувани,

Со доаѓањето на зимата сè попопуларни стануваат зимските спортови. Како и минатите години, така и оваа “Vip Лизгалиштето” во Спортскиот центар Борис Трајковски ќе овозможи оптимални услови и убавина да се лизга на вистински мраз за сите љубители на рекреативното и уметничкото лизгање.

Од 23-ти ноември 2016 година “Vip Лизгалиштето” ја започнува новата сезона, каде што покрај Школата за уметничко лизгање и хокеј тренинзите, има и термини за рекреативно лизгање за сите наши граѓани кои можат да дојдат да изнајмат лизгалки или пак да си донесат свои и да уживаат на вистинскиот мраз. И оваа сезона на лизгалиштето ќе се имплементираат различни програми на рекреативно лизгање со кои уживањето и добрата забава за време на лизгањето е загарантирана.

Сите оние кои што сакаат рекреативно да лизгаат можат да го посетат лизгалиштето во термините предвидени за рекреативно лизгање во времетраење од еден час, според следниот распоред:

Понеделник: од 10:00 часот до 16:30 часот и од 20:00 до 22:00 часот.

Вторник: од 10:00 до 19:00 часот и од 20:00 до 22:00 часот.

Среда: од 10:00 до 16:30 часот и од 20:00 до 22:00 часот.

Четврток: од 10:00 до 19:00 часот и од 20:00 до 22:00 часот.

Петок: од 10:00 до 16:30 часот и од 20:00 до 22:00 часот.

Сабота: од 11:00 до 22:00 часот.

Недела: од 11:00 до 22:00 часот.

 

Билет за рекреативно лизгање (+ лизгалки) чини 150.00 ден.

Билет без лизгалки чини 100.00 ден.

За групна посета (над 30 луге) со вклучени лизгалки билетот чини 100.00 ден.

Изнајмување на лизгалки чини 50.00 ден.

Подгответе се за уживање на мразот, Ве очекуваме.

СЦ БОРИС ТРАЈКОВСКИ

Печати