Борис Трајковски е инспирација и гордост: Оддадена почит пред најголемиот спортски центар во Македонија кој го носи неговото име

 Претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски, кој беше особена личност и народен човек кој го живееше својот живот посветен на својата земја и по 12 години од трагичната смрт претставува инспирација и гордост за сите граѓани.

scbt-inspiracija-gordost

Во чест на неговиот живот и дело денеска пред споменикот кој се наоѓа на платото пред најголемиот спортски комплекс во нашата држава, кој воедно го носи неговото име, беше одадена почит и положено спомен цвеќе.

„Македонија се гордееше и се гордее со Борис Трајковски, кој беше човек со неверојатни морални, но и професионални вредности. Голема чест и обврска е да се носи името на овој наш претседател, па токми заради тоа СЦ Борис Трајковски постојано се труди да претставува симбол за институција која на македонскиот народ ќе донесе многу радост, и притоа ќе продолжи да биде место на големи спортски победи на македонски спортисти, тимови и репрезентации. Постојано ги промовираме и семејните вредности, кои ги имаше и притоа постојано ги нагласуваше како важни за Република Македонија нашиот поранешен претседател, Борис Трајковски“, изјави Директорот на СЦ Борис Трајковски, Златко Перински.

Пред споменикот на Претседателот Трајковски во името на сите граѓани на Република Македонија почит оддадоа Директорот Златко Перински, Директорот на Агенција за млади и спорт, г-дин Марјан Спасески, Претседателот на Советот на Општина Карпош, г-дин Сашо Лазаревски, претставниците на Спортското радио, како и Претседателот на Сојуз на спортови на Македонија, г-дин Борче Боев.

Печати