Започна „ИЗНАЈМИ ВЕЛОСИПЕД-АЈДЕ ДА ВОЗИМЕ ЗАЕДНО„ во СЦ Борис Трајковски

Почитувани,

Денес 24.04.2017 (понеделник) започна втората сезона по ред на содржината “Изнајми велосипед-Ајде да возиме заедно“ во рамките на Спортскиот центар Борис Трајковски.

Од денес па се до 15.10 оваа година, Сите оние што сакаат да ја користат услугата “Изнајми велосипед-Ајде да возиме заедно“ ќе ја имаат можноста да го сторат тоа веднаш до службениот влез на vip Арената во рамките на Спортскиот Центар БOРИС ТРАЈКОВСКИ, секој работен ден Понеделник-Сабота со работно време од 07:00 до 22:00 часот и Недела со работно време од 17:00 до 21:00 часот.

-Со особено задоволство би сакал да истакнам дека “Изнајми велосипед - Ајде да возиме заедно“ одлично се вклопи во широката лепеза на содржини што ги нуди Спортскиот центар Борис Трајковски. Интересот на граѓаните за изнајмување на велосипед е огромен со оглед на местоположбата на која се наоѓаме односно близината на кејот на реката Вардар каде што започнува рекреативната патека. Воедно би сакал да ги поканам сите граѓани кои имаат желба да спортуваат и да возат рекреативно велосипед, да се обратат во Спортскиот Центар од каде што ќе им бидат понудени 20 велосипеди од најразлични видови.

Спортскиот центар Борис Трајковски и оваа година ќе им излезе во пресрет на граѓаните со велосипеди кои се наменети за мажи, жени и деца.

Цената за користење на велосипедите останува непроменета, односно користење на велосипедот изнесува симболични 50,00 денари за секој започнат час, започнувајќи од моментот на изнајмувањето на велосипедот.

Би ја искористил оваа прилика да ги повикам сите оние граѓани кои сакаат да го зајакнат спортскиот дух, да ја го посетат Центарот и да ја искористат оваа содржина која е само мал дел од богатата понуда која ја нуди СЦ Борис Трајковски.
Изјави Златко Перински- директор на Спортскиот центар Борис Трајковски.

01.jpg 02.jpg

Печати