Посета на Антон Смирнов повеќекратен шампион во уметничко лизгање на Руската Федерација и носител на повеќе медали на меѓународни и светски првенства

Денес во Скопје како визитинг тренер пристигна г-динот Антон Смирнов, повеќекратен шампион во уметничко лизгање на Руската Федерација и носител на повеќе медали на меѓународни и светски првенства.

Целта на оваа посета е унапредување на уметничкото лизгање во Р. Македонија и подготовка на нашите натпреварувачи за претстојниот ИСУ натпревар “Skate Helena 2018“.

Ова гостување се реализира како соработка на Федерацијата за лизгачки спортови на Македонија со Спортскиот Центар “Борис Трајковски“, а со поддршка на Македонскиот Олимписки Комитет.

https://en.wikipedia.org/wiki/Anton_Smirnov_(figure_skater)

Печати